Дома Фудбал „Марка“ избираше најдобро трио во историјата – еве ги резултатите

„Марка“ избираше најдобро трио во историјата – еве ги резултатите

Заминувањето на Касемиро во Манчестер Јунајтед значеше и крај на ерата на триото од средниот ред Модриќ – Крос – Касемиро. Ова беше причина „Марка“ да направи голема анкета.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Марка“ се одлучи да избира најдобро трио во средниот ред и на читателите им понуди 15 славни и трофејни средни редови од кои навивачите требаше да избираат.

На крајот анкетата се претвори во битка помеѓу споменатото трио на Реал и триото на Барселона со Чави, Иниеста и Бускетс. Реал Мадрид со Касемиро, Модриќ и Крос освои четири титули во Лигата на шампионите (2016, 17, 18 и 22), а Барселона со Иниеста, Бускетс и Чави три (2009, 11 и 15).

Дури 94% од сите гласови завршија за овие две триа, а гласаа повеќе од 160.000 фанови. На крајот победи средниот ред на Барселона со 52% од гласовите, додека на Реал доби 42%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…