Дома Македонски спорт „Марка“: Димитриевски втор најдобар голман во Ла Лига!

„Марка“: Димитриевски втор најдобар голман во Ла Лига!

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски брани во фантастична форма во дресот на Рајо Ваљекано и токму Димитриевски е еден од најзаслужните што Рајо е едно најпријатните изненадувања во Ла Лига.

„Марка“ во овој период традиционално го доделува признанието „Замора“ за најдобар голман, а во овој момент Димитриевски се наоѓа на високото второ место и пред него е само Тибо Куртоа од Реал Мадрид.

Димитриевски има одлични бројки и на 17 натпревари прими само 18 голови. Тука се и уште 49 одбрани и два одбранети пенали. На пет натпревари во најелитната конкуренција Димитриевски успеа да ја остави чиста својата мрежа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Никовски и Поп Арсова Рашиќ ја предводеа жетвата на титули на Олимп во крос-кантри

Битолски Олимп го заврши националниот шампионат во Скопје со шест златни и еден сребрен ме…