Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО „Марка“ го смести Пандев помеѓу најголемите ѕвезди досега на Еуро 2020!

„Марка“ го смести Пандев помеѓу најголемите ѕвезди досега на Еуро 2020!

Горан Пандев е респектиран и почитуван во цела Европа, а доказ за тоа е и последната статија на шпанска „Марка“.

Познатиот медиум го смести Пандев помеѓу ѕвездите кои оставиле најсилен впечаток досега на Еуро 2020.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај Пандев на оваа листа се: Рахим Стерлинг (Англија), Били Гилмор (Шкотска), Патрик Шик (Чешка), Дензел Дамфрис (Холандија), Џоел Похјанпало (Финска), Мануел Локатели (Италија). Микел Дамсгард (Данска), Ромелу Лукаку (Белгија), Емил Форсберг (Шведска), Давид Алаба (Австрија), Кристијано Роналдо (Португалија), Лука Модриќ (Хрватска), Робин Госенс (Германија), Атила Шалаи (Унгарија), Џорџињо Вајналдум (Холандија),

Како главна причина поради која Пандев е во ова одбрано друштво се наведува неговиот гол против Австрија со кој стана вториот најстар стрелец на Европските првенства. Треба да потсетиме дека и над него беше направен пеналот по кој Алиоски постигна гол против Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…