Српскиот фудбалер има проблеми да постигне гол.
Лука Јовиќ и понатаму е без гол во дресот на Реал Мадрид. Јавноста го чека неговиот првенец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Додека Јовиќ е без гол ќе добива големи критики, а сега шпанска „Марка“ го понижи со последниот наслов наменет за него.
„Лука Јовиќ – најнепродуктивното засилувања на позицијата напаѓач во Реал Мадрид во последните години“, гласи насловот на популарниот медиум во Шпанија.
Во текстот стои дека никој од засилувањата на Реал, па дури вклучувајќи ги и Адебајор и Хунтелар немале толкав голгетерски пост како Јовиќ.
Имено, на српскиот фудбалер му избројааа 63 дена од дебито без постигнат гол.
Од друга страна, треба да се има предвид дека Јовиќ на теренот помина само 218 минути и дека имаше неколку добри потези како и дека во натпреварот со Виљареал му беше поништен гол поради офсајд од буквално неколку милиметри.
На крајот од текстот се напоменува дека се уште е рано да се зборува било што, но дека Јовиќ ќе мора да се бори со негативните рекорди во Реал и некако подоцна да ги сврти работите во негова корист.