Реал Мадрид ја пречекува Селта Виго на Сантијаго Бернабеу во натпреварот од 28. коло на шпанската Ла Лига во недела од 18:30 часот, а Mарка пренесува дека Карло Анчелоти подготвува „мала револуција“ во првите 11 за тој натпревар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Новинарите на Mарка го гледаат Лука Модриќ како најголем корисник од овие промени. „Модриќ беше човекот на одлука против Севиља и Валенсија, а кога влезе во игра против РБ Лајпциг, го донесе токму она што му требаше на Реал за да го смири и реши натрпеварот. На Мадрид му требаше само малку повеќе смиреност и визија во силната нервоза на Бернабеу и тоа се случи со Модриќ“, вели Maрка.
Покрај Модриќ во првите 11 се враќа и Брахим Дијаз, а ќе стартува и Родриго. На клупата ќе бидат преместени Едуардо Камавинга, Тони Крос и Џуд Белингем. Анчелоти смета дека Белингем во моментов не е психички на потребното ниво и дека Дијаз, кој најчесто го заменуваше сезонава во првите 11, докажал дека заслужува повеќе можности.