Дома Македонски спорт Марио Младеновски од Данска се сели во Бугарија

Марио Младеновски од Данска се сели во Бугарија

Македонскиот фудбалер Марио Младеновски ја промени средината во овој преоден рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младеновски е во Бугарија каде што ќе игра за Ботев Пловдив. Македонскиот стопер од летото играше во Данска каде што беше дел од второлигашот Дремад Амагер. Со овој клуб има договор до 2023 година, според информациите тој ќе биде позајмен во Боте Пловдив.

За шест месеци за данскиот тим Младеновски одигра седум натпревари, а во Боте Пловдив ќе биде соиграч со Мите Цикарски.

Ќе потсетиме Младеновски македонската спортска јавност го запозна во дресот на Вардар од каде што си замина после кризата, имаше проба во Динамо Киев, но не потпиша договор со овој клуб. Зад себе има и настап за сениорската репрезентација на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…