Марио Геце ова лето беше слободен агент и реши кариерата да ја продолжи во холандски ПСВ.
28-годишниот Германац направи добар избор бидејќи блеска во холандското првенство каде си ја „оживеа“ кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега признава дека имал конктакт со неговиот поранешен клуб Баерн Минхен и потврди дека може да се врати на „Алијанц Арена“.
„Не би отфрлил можност да се вратам во Бундеслигата. Сите опции се отворени за мене, но сега сум во Ајндховен и фокусиран сум на нашите цели. Имав контакт со Баерн Минех и ми кажаа дека ме ценат како личност и како играч и дека сакаат да ме вратат назад“, откри Геце.