За однесувањето на Марио Балотели не треба да се трошат многу зборови бидејќи италијанскиот напаѓач безброј пати до сега ни покажал дека се работи за единствен човек.
Балотели во својата кариера направил многу непромислени потези, но никогаш не се покајал за тоа. Веројатно и поради тоа е омилен во светот на фудбалот, тој не прави ништо ако тоа самиот не го сака.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот агент Мино Раиола долго време соработува со Марио и сигурно има многу интересни со Италијанецот. Познатиот менаџер сега на италијанските медиуми им раскажа како Балотели удрил и оштетил неговото ново Бентли.
„Марио е луд, но му простувам се бидејќи е добар човек. Еден ден ме праша да му го позајмам моето Бентли. Му кажав: „Ќе мора да постигнеш прво два погодоци против Марсеј и потоа ќе зборуваме. На тоа целосно заборавив, a потоа ме побара мојата сопруга и ми кажа дека Марио сака да зборува со мене“.
„Мино, клучевите“, само тоа го кажа и го прашав какви клучеви. Објасни дека го исполнил својот дел и сега сака да се повози со моето Бентли. Немав што да правам бидејќи му ветив. Неколку часа подоцна ме побара и ми кажа дека му е жал и дека го удрил. Му простив, на него не можам да му се налутам“, откри Раиола.