Ријад Марез во 2016 година ја освои титулата со Лестер и беше избран за најдобар играч го Премиер лигата, но потоа цели две години траеше сагата за неговиот трансфер.
Алжирецот дури едно време се закануваше со бојкот ако не го пуштат да замине. На крајот Лестер попушти, и се согласи да го пушти Марез за 60 милиони фунти во Манчестер Сити.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мене ми е јасно дека две години изгубив од животот. Зошто? Затоа што наместо да стигнам во Сити на 24-25 години, јас дојдов на 27 години. Лестер ме запре во мојата желба, зашто ми кажаа дека не можам да го напуштам клубот“, изјави Марез, кој открива дека во 2016 бил блиску до Арсенал.
„Мојот агент зборуваше со Венгер. Беше се готово, но одеднаш се расипа. Бев многу фрустриран“, откри Алжирецот, а потоа зборуваше за актуелната ситуација во Сити.
„Соблекувалната на
врвниот клуб, тоа е друга реалност. Мора да се бориш постојано. Не можете да
одморите. Ако не направите нешто извонредно, некој друг ќе го стори тоа, и тој
ќе ви го заземе местото на теренот. Секој го знае ова добро. Не е доволно само
да имате добар натпревар. Треба постојано да играте на многу високо ниво. Ова е
Манчестер сити. Евалуација на перформансите се прави постојано“, изјави Марез.