Алжирскиот фудбалер Ријад Марез конечно потпиша за Манчестер Сити, со што е завршена една од најдолгите трансфер саги во Англија во последните неколку години.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поранешниот англиски шампион со Лестер потпиша петгодишен договор со Манчестер Сити, кој го плати 61 милиони фунти.
По доаѓањето на Етихад, Марез го задужи својот број 26 и откри дека најголемата причина за трансферот во Сити е Пеп Гвардиола.
„Да бидам искрен, Гвардиола е главната причина поради која сум овде. Убаво е чуството да знаете дека ве посакува еден таков тренер. Тој овде е кратко, а веќе испиша историја со овој клуб. Се радувам за нашата идна соработка.“