Дома Фудбал Англија Марез во уште еден голем трансфер го напушта Сити

Марез во уште еден голем трансфер го напушта Сити

Фантастичниот алжирски фудбалер после четири ипол години го напушти Лестер за 70 милиони евра и премина во редовите на англискиот првак, каде сепак нема место во стартниот состав.

Оваа сезона овој 28-годишен играч беше стартер на само 11 натпревари во дресот на Сити, па веќе почнаа шпекулациите дека само после една година може да ги напушти Граѓаните.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно, торински Јувентус е заинтересиран за неговите услуги. Понудата ќе пристигне на адреса на Граѓаните, а за играчот е спремен одличен договор.

Јувентус ова лето сака да донесе неколку нови имиња. До сега Марез не се поврзуваше со Бјанконерите, но секако дека би било импресивно да се види во дресот на Старата дама.

Марез оваа сезона одигра вкупно 36 натпревари во сите натпреварувања. Запиша 10 погодоци и 10 асистенции, но без разлика на тоа Пеп Гвардиола не му дава премногу шанса од првата минута.

Во јануари не одигра ни минута, а на последниот натпревар против Вест Хем беше заменет во второто полувреме.

На Јувентус пак му е потребен играч за врска и се очекува Старата дама да се засили на таа позиција, меѓутоа изненадувачки ќе бие Марез да го напушти Манчестер Сити ако се знае колкава сага се случуваше и што се направи за само да го примора раководството на Лестер да го продаде во редовите на „граѓаните“.

https://www.youtube.com/watch?v=XtpGhxPO7EM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…