Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Марадона вчера секако го следеше финалето на Мундијалот помеѓу Франција и Хрватска.
Марадона вчера од трибините го следеше спектакуларниот натпревар на „Лужњики“, а на стадионот имаше кратка средба со претседателот на Палестина, Махмуд Абас. Аргентинецот пружи поддршка на палестинскиот народ, а преку својот Инстаграм порача дека и тој самиот е Палестинец.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Овој човек сака мир во Палестина. Претседателот има држава и права. Јас сум Палестинец“!, порача Марадона, со што ја воодушеви фудбалската јавност, а посебно народот во Палестина.