Во јавноста некогаш знае да се појават изјави на Марадона во кои фали Меси, а некогаш пак изјави во кои не му го признава она што го направил во кариерата. Марадона сега тврди дека тој си стои на првиот став и дека медиумите се обидуваат да го скараат со Меси.
Легендата на светскиот фудбал со големи пофалби зборуваше за асот на Барселона и порача дека никој нема да го скара со Меси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Многу го сакам Лео и он ме сака мене. Никогаш нема да не скарате“, изјави Марадона, па потоа откри детал од Мундијалот во 2010 година кога тој беше селектор на Аргентина.
„Кога Германија не исфрли од Светското Првенство во Јужна Африка некои играчи, посбно еден од Ла Плата (Верон), веднаш се распрашуваа кога имаат лет за побрзо да си отидат дома. За разлика од нив Меси како мало дете плачеше под тушот. Никој не ми го раскажувал ова, сам видов се“, откри Марадона.
Зборуваше Марадона и како во Бока го довел Мартин Палермо, кој подоцна стана најдобар стрелец во историјата на клубот.
„Мартин требаше да потпише за Ривер. Го повикав и му кажав да дојде кај нас. Тој ме послуша и на крајот стана легенда на Бока“, раскажа аргентинската легенда.