Дома Трансфер зона Манџукиќ за трансферот во Катар: Едвај чекам да почнеме да ги остваруваме целите

Манџукиќ за трансферот во Катар: Едвај чекам да почнеме да ги остваруваме целите

Maрио Манџукиќ беше претставен во катарскиот Ал-Духаил, хрватскиот напаѓач со насмевка позираше пред управата и навивачите на неговиот нов клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Се спремам за ново поглавје во кариерата. Ова е еден од најголемите клубови во Азија. Едвај чекам да тргнам со соиграчите во освојување на нови цели“, изјави 33 годишниот Манџукиќ.

Во Катар Манџукиќ доаѓа од Јувентус каде што четири години беше еден од клучните играчи, но во последната половина година беше во втор план и без минутажа.

Од клубот порачаа дека доведувањето на напаѓач како Манџкуќ е голема работа за Ал-Духаил и воопшто за катарсктоо првенство. Договорот кој го потпиша Манџукиќ со овој клуб има важност година ипол и од него ќе заработи 10.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…