Вчера во Милано се сретнаа Италија и Шпанија во рамките од полуфиналето во Лигата на Нации, на крајот славеа Шпанците. За италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума ова беше враќање на местото каде што не е посакуван после трансферот во ПСЖ.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Навивачите кои беа присутни на вчерашниот натпревар од самиот почеток испраќаа свирежи за Донарума. Тие се бесни на него поради одбивањето да го продолжи договорот со Милан и преселбата во ПСЖ.




Селекторот Роберто Манчини после натпреварот порача дека не е добро кога Донарума добива свирежи додека игра за Италија.




„Со свирежите, ниту тој, а ниту ние во репрезентацијатан е сме среќни. Разочарувачко е затоа што тој играше за Италија, не беше ова клупски натпревар. Треба да се делат работите, свирежите нека ги чуваат кога ќе играат Милан и ПСЖ. Репрезентацијата треба да биде над се“, изјави Манчини.



