Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед ја одреди цената за Погба

Манчестер Јунајтед ја одреди цената за Погба

Пол Погба сака да го напушти Манчестер Јунајтед уште во јануарскиот преоден рок и веќе му ја соопштил својата желба на раководството на клубот.

Конфликтот со Мурињо е само еден од факторите кои влијаеле на ваквата одлука, па Погба му дал задача на својот агент Мино Раиола да договори трансфер уште оваа зима.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најпрво Манчестер Јунајтед постави превисока цена од 200 милиони евра, но англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ сега ги намалиле апетитите и за Погба бараат 150 милиони евра.

Притоа, клубот од „Олд Трафорд“ во никој случај нема да прифати трансфер во клуб од Премиер лигата, па Погба има само три опции.

Барселона, Пари Сент Жермен и Јувентус ќе водат битка за неговиот потпис. Меѓутоа, Каталонците и „бјанконерите“ не се спремни да ја платат споменатата сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид добил понуда од 45 милиони евра за Ѓулер

Aрсенал знаел да добие одлично засилување од Реал Мадрид, а пример за тоа е Мартин Одегард…