Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед формира „комисија за трансфери“ од тројца бивши фудбалери

Манчестер Јунајтед формира „комисија за трансфери“ од тројца бивши фудбалери

Манчестер Јунајтед формира „комисија за трансфери“ која ја сочинуваат тројца поранешни играчи на клубот, кои треба да му помагаат на Оле Гунер Солскјер при ангажманот на нови фудбалери.

Според „Сан“ Дарен Флечер ќе биде на чело на комисијата, во која се поканети уште Рио Фердинанд и Ники Бат. Последниот од наведените ќе има за задача да бара исклучиво млади таленти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од „Олд Трафорд“ имаат намера да се откажат од праксата на купување на скапи ѕвездени имиња. Таа стратегија не само што не даде резултати кај последните тројца менаџери, но го постави Солскјер во тешка позиција. Норвежанецот во тимот има фудбалери со огромни плати, од кои реално нема потреба, но од кои тешко може да се радели. Најдобар пример за тоа е случајот на Алексис Санчез.

Ливерпул доста успешно го практикува моделот со „комисија за трансфери“ каде Јирген Клоп работи заедно со спортскиот директор Мајкл Едуардс и Дејв Фелоус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…