Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Њукасл

Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Њукасл

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за младиот играч за врска на Њуксл, Шон Лонгстаф, пренесуваат медиумите на Островот.

21-годишниот Лонгстаф оваа сезона дебитораше во Премиер лигата и одигра 9 меча, но потоа се повреди.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За сега од Њукасл тврдат дека никој од „Олд Трафорд“ не испратил официјална понуда за играчот, и истакнаа дека немаат намера да се разделат со него. Лонгстаф потпиша нов договор со клубот пред само шест месеци и се обврза на верност до 2022 година.

Младиот играч за врска го привлече вниманието на големите клубови на Островот, а доби и пофалби од менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Вчера „Скај Спорт“ информираше дека „црвените ѓаволи“ се блиску до комплетирање на трансферот на друг талент – Даниел Џејмс од Свонси за кого се очекува Јунајтед да плати 15 милиони фунти.

https://youtu.be/OzIU3DB7sUo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…