Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед тргнува по Годин

Манчестер Јунајтед тргнува по Годин

Манчестер Јунајтед изминатите две години во неколку наврати се обиде да го донесе Диего Годин  на „Олд Трафорд“, но не успеа во намерата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Искусниот Уругваец минатото лето како слободен агент се пресели во Интер, но не може да се адаптира на стилот на Антонио Конте и се шпекулира дека на лето повторно ќе ја промени средината.

Манчестер Јунајтед сака да ја искористи таквата ситуација и на лето да го донесе на „Олд Трафорд“. Солскјер сака искусен стопер и смета дека Годин ќе биде идеален партнер на Мегваер.

Интер е спремен да го пушти Годин по завршувањето на сезоната, а покрај Јунајтед интерес за него покажуваат уште Валенсија и Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…