Дома Фудбал Манчестер Јунајтед спреми нов, богат договор за Фернандеш

Манчестер Јунајтед спреми нов, богат договор за Фернандеш

Бруно Фернандеш пред една година пристигна на „Олд Трафорд“ и се покажа како големо засилување за „црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед планира да му понуди нов договор и двојно повисока плата на Португалецот, кој сезонава е клучна алка во играта на „црвените ѓаволи“.

Лондонски „Мирор“ пишува дека раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да му ја удвои платата на 26-годишниот Фернандеш, кој со новиот договор би заработувал 200.000 фунти неделно.

Причината за ваквата реакција на Јунајтед е интересот кон Фернандеш од страна на Барселона и Реал Мадрид, и намерата на „црвените ѓаволи“ да го задржат Португалецот во своите редови.

Англиските медиуми пренесуваат дека преговорите се во напедна фаза и наскоро Фернандеш ќе стави потпис на новиот договор до 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сучиќ го матираше Симон со мајсторски удар, но дербито му припадна на Билбао

Хрватскиот играч погоди од околу 20 метри, но Реал Сосиедад загуби со 2:1 на „Сан Мамес“. …