Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за ѕвездата на Лајпциг, Дани Олмо, пренесуваат медиумите на Островот.
Тен Хаг е голем симпатизер на квалитетите на 24-годишниот Шпанец и на лето сака да го доведе на „Олд Трафорд“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Сега блеска во дресот на Лајпциг, а покрај Јунајтед за него интерес покажуваат уште Арсенал, Реал Мадрид и Челзи.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да ја победат конкуренцијата и се спремни да испратат понуда од 60 милиони фунти за Шпанецот.