Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го договорат трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд пред почетокот на ЕУРО 2020.
„Црвените ѓаволи“ не успаа да го донесат англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ ова лето, но и понатаму тој останува трансфер цел број еден.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Проблем беше цената од 120 милиони евра која Дортмунд ја бараше и не сакаше да попушти.
Медиумите на Островот тврдат дека Санчо веќе има договор со Манчестер Јунајтед и клубот е во постојан контакт со неговиот агент. Скоро невозможно е Англичанецот да се пресели на „Олд Трафорд“ во јануари, но клубот сака да го договори трансферот пред почетокот на ЕП.
„Црвените ѓаволи“ се плашат дека цената на Санчо би можела дополнително да порасне доколку покаже добри партии на Европското првенство.