Манчестер Јунајтед е спремен да го сруши клупскиот трансфер рекорд за еден од најголемите таленти на англискиот фудбал – Џејсон Санчо, тврдат медиумите на Островот.
Манчестер Јунајтед лошо ја отвори сезоната, па сигурно ќе има големи промени во тимот во јануари, а Солскјер сака да биде засилен нападот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мирор“ тврди дека најголема желба на „црвените ѓаволи“ е Џејдон Санчо и клубот е спремен да ја плати сумата која за неговиот потпис ја бара Борусија Дортмунд.
19-годишниот талент игра фантастично во Бундеслигата, а „милионерите“ за неговата слобода бараат најмалку 100 милиони фунти.
Санчо е продукт на школата на Манчестер Сити, но „граѓаните“ лесно се откажаа од него и го продадоа за 9 милиони фунти, а Јунајтед ќе направи се за да го врати во Премиер лигата.
Јунајтед се брза што поскоро да го договори трансферот, а причина за тоа е големата конкренција, бидејќи за Санчо интерес покажуваат уште Ливерпул и Реал Мадрид.