Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед пронајде замена за Де Геа

Манчестер Јунајтед пронајде замена за Де Геа

Давид Де Геа би можел на лето да замине од Манчестер Јунајтед, а на Олд Трафорд за тоа се свесни.

Британските медиуми сметаат дека во тој случај Манчестер Јунајтед ќе го купи Јан Облак, голманот кој има одлични настапи во дресот на Атлетико Мадрид години наназад.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Да не дојде до ситуација да замине без оштета летото 2020. година, Јунајтед ќе ја разгледува можноста да го продаде Де Геа по крајот на сезона, а потоа да тргне по потписот на Словенецот.

26-годишниот Облак на 203 натпревари за Атлетико дури на 115 ја зачува својата мрежа и е еден од најдобрите голмани на светот во овој момент. Наодамна го продолжи договорот со Атлетико, кој би можел добро да заработи со неговата продажба.

Јунајтед наводно е спремен да понуди дури 100 милиони фунти за Облак, со што ќе се постави нов рекорд. Сепак, треба да почекаме до лето и да видиме на крајот дали Де Геа ќе го продолжи договорот со Јунајтед или англискиот клуб ќе мора да бара негова замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…