Дома Фудбал Манчестер Јунајтед прикажа големи финансиски загуби

Манчестер Јунајтед прикажа големи финансиски загуби

Приходите на Манчестер Јунајтед паднале за една петтина главно поради тоа што клубот не играше во Лигата на шампиони и игра пред празен стадион за време на пандемијата, објавија од клубот.

Јунајтед генерирал приходи во висина од 509 милиони фунти до 30 јуни иваа година, што е пад за 19% во споредба со минатата година.

Долговите на клубот пораснале за 133%, односно до 471 милион фунти, а загубите се 23.2 милиони фунти.

Јунајтед се врати во Лигата на шампиони оваа сезона, но Премиер лигата се уште не може да даде гаранции за присуство на фанови на трибините.

Поради тоа „црвените ѓаволи“ од април до јуни оваа година генерираа приходи од само 2,2 милиони фунти, а за истиот период минатата година инкасирале 23.8 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто Марадона бил погребан без срце? Кастро откри необичен план на навивачи

Неврологот Нелсон Кастро тврди дека срцето на аргентинската легенда било задржано по обдук…