Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез е едно од најлошите засилувања за Манчестер Јунајтед во последните години, барем ако се гледа неговиот досегашен учинок од престојот на „Олд Трафорд“.
Медиумот „Спортсман“ ги одби платите на фудбалерите на Манчестер Јунајтед во перидот додека беа повредени, па потоа ги подели колективните заработки на сите нив и нивните минути одиграни на теренот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На тој начин е пресметано дека Манчестер Јунајтед го плаќа Алексис Санчез 16.000 фунти по минута во Премиер лигата. Алексис заработува дури 505.000 фунти неделно, а оваа сезона одигра 615 минути во Премиер лигата, односно 14 натпревари и само еднаш се запиша во листата на стрелци.
Минатогодишното засилување Фред за кого тимот плати 52 милиони фунти во текот на оваа сезона управата на „црвените ѓаволи“ ја чинел 6.000 фунти. Тој неделно добива 120.000 фунти, а оваа сезона помина 566 минути на теренот.
Зад нив двајца следи Пол Погба за кого Јунајтед оваа сезона плаќа 4.000 фунти по минути, но за него оваа сезона посебно после доаѓањето на Солскјер вреди за секој потрошен цент.
Според споменатите податоци најефитин по минута во Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд за кого според пресметките Манчестер Јунајтед плаќа 767 фунти по минута, а постигна девет голови оваа сезона во Премиер лигата.
Солскјер неодамна имаше интересна изјава за Санчез кого го спореди со ќесичка кечап.
Сите знаеме дека Алексис е фантастичен играч. Во неговото тело се наоѓа неверојатен фудбалер, но сега е како кесичка кечап и не може тоа да излезе на површина. Но, неговиот квалитет ќе излезе на површина – сигурен сум во тоа“, изјави неодамна Норвежанецот.