Дома Топ вести Манчестер Јунајтед не се откажува од Санчо

Манчестер Јунајтед не се откажува од Санчо

Манчестер Јунајтед забележа значителен напредок во преговорите за трансфер на Џејден Санчо од екипата на Борусија Дортмунд, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неколку еминентни извори известуваат дека раководството на „црвените ѓаволи“ успеало да постигне комплетен договор во врска со платата на играчот, како и провизии за агентите вклучени во зделката.

Самиот играч сака да се пресели на „Олд Трафорд“ до 5 октомври, кога ќе го затвори преодниот рок во Европа.

Се уште не е јасно дали има напредок во преговорите меѓу двата клуба за цената на играчот. Германскиот клуб сака 120 милиони евра за својата sвезда, а Јунајтед иако смета дека оваа сума е „нереална“, сепак не се откажува од преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…