Вест Хем одбил понуда од Манчестер Јунајтед за Деклан Рајс од 100 милиони фунти минатото лето, открива „Сан“.
„Црвените ѓаволи“ беа во потрага по квалитетен играч за врска и понудиле 100 милиони евра за Англичанецот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако Вест Хем категорично ја одбил понудата Манчестер Јунајтед го купи Каземиро од Реал Мадрид за 80 милиони евра.
Договорот на 24-годишниот Рајс со Вест Хем истекува во 2024 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот, а веќе одби да ја продолжи соработката со „чеканите“.
Поради тоа Манчестер Јунајтед не се откажува и на лето повторно ќе се обиде да го доведе на „Олд Трафорд“.