Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед може да му понуди интересна размена на Јувентус

Манчестер Јунајтед може да му понуди интересна размена на Јувентус

Не е Дибала како што Англичаните прво бараа, во Јувентус се спремни да ја прифатат понудата, проблемот е што ова наводно е идеја на Мурињо, а не на Вудворд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Скаути на Манчестер Јунајтед во средата навечер присуствувале во Швајцарија на натпреварот помеѓу Јанг Бојс и Јувентус. Како што пишуваат италијанските медиуми, веќе подолго време, Алекс Сандро е на мета на „ѓаволите“.

Неодамна се појави вест дека Сандро ќе потпише нов договор со Јувентус и тоа од човекот кој е добро запознаен со случувањата во Торино, Ромео Агрести.

Сепак, идејата на клубот од Манчестер би можела да го заинтересира Јувентус.

Наводно „црвените ѓаволи“ размислуваат да го понудат Пол Погба во замена за Сандро.

Цената на Алекс Сандро е помеѓу 50 и 60 милиони евра, од друга страна Погба е проценет на 80. Но, од Погба би се очекувало да ги намали примањата, но такво нешто може да се случи затоа што тој очајно сака да го напушти „Олд Трафорд“.

На сето тоа познато е и дека Погба е во постојан контакт со играчите од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…