Откако стана јасно дека Манчестер Јунајтед нема да успее да го доведе дефанзивецот на Ајакс, Јуриен Тимбер, „црвените ѓаволи“ се насочија кон неговиот партнер во одбраната.
Имено, прва трансфер цел на Тен Хаг во моментов е другиот дефанзивец на Ајакс, Лисандро Мартинез, пренесува „Телеграф“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тен Хаг одлично го познава Аргентинецот со кого работеа заедно во Ајакс во последните три години и верува дека таков дефанзивец им недостасува на „црвените ѓаволи“.
Сериозен интерес за Мартинез покажува и Арсенал, па поради тоа Манчестер Јунајтед брза да го договори трансферот и да ја победи конкуренцијата.
Арсенал е спремен да го пушти дефанзивецот за сума од 30-35 милиони евра.
✅ After not being able to sign Jurrien Timber, #MUFC have switched their attention to Lisandro Martínez, who Ten Hag has known for 3 years. Meanwhile, Arsenal could also return with another offer for the player. @MikeVerweij 🇦🇷🔴
— UtdPlug (@UtdPlug) June 20, 2022