Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед и Гаранчо постигаа договор

Манчестер Јунајтед и Гаранчо постигаа договор

Манчестер Јунајтед постигнал договор со Алехандро Гаранчо за продолжување на договорот, пренесуваат англиските медиуми.

Новиот договор ќе биде за пет години и 18-годишниот талент очекувано ќе добие значително зголемување на платата. Останува да се договорат само одредени детали околу имиџ-правата на Аргентинецот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Гаранчо оваа сезона не само што добива шанса кај Тен Хаг, туку се етаблираше во многу важен фудбалер, па до сега запиша 25 меча во сите натпреварувања.

Гаранчо покажа дека е еден од најголемите таленти во моментов, па го привлече вниманието на Реал Мадрид, ПСЖ и Баерн Минхен. Тоа го натера Јунајтед брзо да реагира и да започне преговори.

Гаранчо наскоро ќе стави потпис на нов договор и ќе ја продолжи верноста со „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Црвениот дел од Ливерпул на нозе: Фановите со спектакл го испратија Клоп

Ливерпул во последното коло го пречекува Вулверхемптон, натпревар кој нема резултатско зна…