Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед го сака фудбалерот кој минатата сезона им направи многу проблеми

Манчестер Јунајтед го сака фудбалерот кој минатата сезона им направи многу проблеми

Манчестер Јунајтед игра одлично откако на клупата пристигна Оле Гунар Солскјер, а „црвените ѓаволи“ во новата сезона сакаат да влезат уште посилни.

Управата на Манчестер Јунајтед е во потрага по засилувања, а едно од засилувањата би можел да биде фудбалерот кој минатата сезона им создаде големи проблеми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Станува збор за Висам Бен Једер, офанзивеот на Севиља кој играше одлично минатата сезона против Манчестер Јунајтед во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

https://www.youtube.com/watch?v=k2FDdCPGKM4

Бен Једер и оваа сезона игра на високо ниво, постигна 26 голови во сите натпреварувања, а во последните три настапи пет пати ја тресеше противничката мрежа.

Италијанскиот „Калчомеркато“ пишува дека 28 годишниот Французин сега се наоѓа на радарот на Манчестер Јунајтед токму поради фантастичното чуство за гол.

Инаку, Бен Једер пред професионално да започне да игра фудбал, играше футсал и запиша дури и два настапи за француската футсал репрезентација. Дека „потекнува“ од малиот фудбал може да се забележи и во неговата игра. Тој е еден од ретките фудбалери кои футсал терените успешно ги замениле со фудбалските тревници.

Пред да потпише за Севиља Бен Једер го носеше дресот на Тулуз клуб од кој беше дел шест години (2010-2016), три сезони (2010-2013) помина во вториот тим на овој клуб, претходно од 2008 до 2010 беше дел од Алфорвајл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…