Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.
24-годишното десно крило Рафиња ја игра првата сезона во Лидс и веднаш го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бразилецот од почетокот на сезоната има постигнато 4 гола и 5 асистенции на 17 меча за Лидс. Во Манчестер Јунатед сметаат дека тој ќе биде идеален партнер на Бруно Фернандеш бидејќи двајцата беа соиграчи во Спортинг Лисабон.
Меѓутоа, Јунајтед треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за неговиот потпис интерес покажува и Ливерпу.
Лидс за потписот на Рафиња минатото лето плати 20 милиони евра, па сигурно нема лесно да се откаже од него.