Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран по голгетерот на Штутгарт, Саша Калајџиќ, пренесува „Кикер“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Калајџиќ има 24 години, есенскиот дел сезонава го пропушти поради повреда на рамото, а во вториот дел од сезоната на 15 натпревари постигна шест гола.




Австрискиот репрезентативец го привлече вниманието на многу клубови, меѓу кои и Баерн Минхен, но „црвените ѓаволи“ сакаат да ја победат конкуренцијата.




Тен Хаг бара нов напаѓач и после неуспешниот обид да го ангажира Арнаутовиќ, сега ќе се насочи кон неговиот колега од репрезентацијата.