Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед го сака Абрахам, но последниот збор ќе го има Челзи

Манчестер Јунајтед го сака Абрахам, но последниот збор ќе го има Челзи

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за напаѓачот на Рома, Таму Абрахам.

Приоритет на Тен Хаг следното лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а Абрахам е на списокот на „црвените ѓаволи“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Прв избор е Виктор Осимен од Наполи, но италијанскиот клуб не сака да го пушти за помалку од 140 милиони евра, па тој трансфер е тежок за реализација.

Поради тоа Јунајтед ќе се насочи кон Абрахам, кој игра одлично во дресот на Рома, но сепак конечниот збор ќе го има Челзи.

Имено, „сините“ имаат опција да го вратат ова лето на „Стенфорд Бриџ“ за 80 милиони евра и сериозно размислуваат да ја активираат бај-бек клаузулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…