Актуелниот европски шампион Ливерпул, се искачи на првото место по популарност, односно бројот на фанови во Велика Британија, откри студијата направена од „YouGov FootballIndex“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според истражувањето Ливерпул има поддршка од 8,3% од населението и со тоа го претекна историскиот ривал Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се на второто место со 6,0%. Потоа следуваат Челзи (3,1%), Манчестер Сити (2,0%), Арсенал (2,0%) и Тотенхем (1,8%).
Истражувањето ја покажува наклонетоста на луѓето кон англиските клубови по 16 различни показатели и тука не станува збор само за луѓе кои се декларираат како фанови на одреден клуб. Факторите како управување со клубот, играчи, навивачка култура, традиција, стил на игра се земени во предивид при истражувањето.
