Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд е спремен да потроши значителна сума пари за да донесе големи имиња на „Олд Трафорд, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот Солскјер сака нов централен дефанзивец и врвен напаѓач за да може тимот да се бори за сите трофеи следната сезона.
„Манчестер Ивнинг Њуз“ пренесува дека главна цел ќе биде ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. 20-годишниот Норвежанец блеска во Бундеслигата и конкуреницијата за неговиот потпис е огромна.
Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ се спремни да ги соборат сите трансфер рекорди за да го донесат Халанд на „Олд Трафорд“.