Дома Топ вести Манчестер Јунајтед ги започна преговорите за најголемата желба на Солскјер

Манчестер Јунајтед ги започна преговорите за најголемата желба на Солскјер

Оле Гунер Солскјер во декември дојде како привремено решение на клупата на Манчестер Јунајтед, но со своите квалитети и добрите резултати ги убеди челниците кои најверојатно ќе му понудат перманентен договор.

Англиските медиуми пренесуваат дека Солсјкер ќе биде носител на новиот проект на „Олд Трафорд“ и раководството ќе му даде одврзани раце за селекција на фудбалерит.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед сака значително да се засили во летниот преоден рок со цел да создаде респектабилен тим кој ќе може да се бори за титулата во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ со сигурност ќе направат доста промени во тимот ова лето, а основна трансфер цел ќе биде англискиот репрезентативец и член на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

18-годишниот талент игра фантастична сезона во Бундеслигата, каде е најдобар асистент. Тој оваа сезона учесвувал во 23 гола на „милионерите“, така што постигна 8, а асистираше за 15.

Синоќа дебитираше за англиската репрезентација, а медиумите во Англија тврдат дека Манчестер Јунајтед веќе ги започнал преговорите за негово враќање во Премиер лигата.

Санчо е продукт на школата на Манчестер Сити, но „граѓаните“ лесно се откажаа од него и го продадоа за 9 милиони фунти, а моменталната цена на играчот изнесува помеѓу 80 и 100 милиони евра.

Јунајтед се брза што поскоро да го договори трансферот, а причина за тоа е големата конкренција. Наводно „црвените ѓаволи“ веќе постигнале начелен договор со неговите агенти, па наскоро ќе седнат на преговори со Борусија Дортмунд.

https://youtu.be/D2yBAfo12wo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Казнет навивачот кој го бакна Роналдо

Репрезентацијата на Португалија го загуби пријателскиот натпревар против Словенија, а на о…