Дома Фудбал Англија Манчестер Сити ќе биде ослабен во градското дерби против Јунајтед

Манчестер Сити ќе биде ослабен во градското дерби против Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн би можел да го пропушти претстојното градско дерби против Јунајтед поради повреда.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Де Брујн го пропушти вчерашниот натпревар од ФА Купот против Шефилд поради повреда на грбот, а тренерот Пеп Гвардиола изјави дека не знае колку време Белгиецот ќе биде надвор од терените.

„Кевин не е спремен. На последниот натпревар падна незгодно. Не знам колку долго ќе отсуствува, се надевам дека нема предолго да биде надвор од терените“, изјави Гвардиола.

Де Брујн сезонава е најдобар играч на Сити и неговото отсуство сигурно дека може да биде проблем за „граѓаните“. Манчестер Сити нема премногу шанси за титула во Премиер лигата, но и понатаму е во игра за трофеј во ФА Купот и Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан го отпушти Алегри и сака тренер од Премиер лигата!

Фудбалскиот клуб Милан ќе направи револуција летово. Повторно. Зошто проблемот со улични к…