Еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, Бруно Гимараеш на лето ќе го напушти Њукасл.
Голем интерес за неговите услуги покажуваат неколку европски гиганти, а најсериозен е интересот на Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гвардиола сака на лето да го засили средниот ред, а примарна трансфер цел ќе биде токму Бруно Гимараеш.
Гимараеш неодамна го продолжи договорот со „чавките“, но во него има откупна клаузула.
Со оглед на слабата сезона на Њукасл, кој најверојатно ќе остане без играње во Лигата на шампиони, 27-годишниот Бразилец сака да ја промени средината.
Сити е спремен за неговиот потпис да понуди 100 милиони фунти, колку што бара Њукасл бара за неговата слобода.