Според пишувањата на реномираните шапански медиуми, Иско дефинитивно донел одлука да го напушти Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Плејмејкерот слабо добива минутажа оваа сезона кај Зинедин Зидан и тоа е клучниот фактор да донесе одлука за промена на средината.
Иско веќе донел конечна одлука и ги известил агентите, а следна дестинација најверојатно ќе биде Премиер лигата.
Гвардиола сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе 27-годишниот плејмејкер на „Етихад“ бидејќи во него гледа идеална замена за Давид Силва, кој најави заминување од клубот.
Манчестер Сити од поодамна покажува интерес за Шпанецот и е спремен ова лето да го комплетира трансферот, а за таа цел спремил понуда од 80 милиони евра.