Дома Топ вести Манчестер Сити спреми мега понуда за Гвардиол

Манчестер Сити спреми мега понуда за Гвардиол

Јошко Гвардиол е столб на одбраната на Хрватска и импресионираше со своите настапи на Мундијалот.

Гвардиол е желба на голем број тимови од Европа, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи Манчестер Сити.

„Граѓаните“ сакаат да ја победат конкуренцијата и спремаат понуда која не се одбива. Имено, понудата со вклучени бонуси може да достигне неверојатни 130 милиони евра.

Познато е дека Челзи долго време е заинтересиран за дефанзивецот и дека е спремен да понуди 90 милиони евра, па Сити сака да ја победи конкуренцијата.

Притоа, на Хрватот му нуди 5-годишен договор и годишна плата од 12 милиони, па тоа го прави Сити фаворит за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…