Хрватскиот дефанзивец, Јошко Гвардиол ќе биде примарна трансфер цел на Манчестер Сити ова лето.
Гвардиол е желба на голем број тимови од Европа, но „граѓаните“ се решени да ја победат конкуренцијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пеп Гвардиола го посочил Хрватот како примарна трансфер цел и Сити нема да жали пари да го донесе на „Етихад“.
„Граѓаните“ веќе постигнале договор со дефанзивецот, но во моментов не се блиску до договор со Лајпциг.
Англискиот шампион понудил 80 милиони фунти за Хрватот, а Лајпциг не сака да го пушти за помалку од 100 милиони евра.
Меѓутоа, се очекува во наредните денови двата клуба да ја „испеглаат“ разликата бидејќи самиот играч сака трансфер.
🚨 Manchester City are on the verge of agreeing personal terms with Joško Gvardiol.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 20, 2023
They are still far away from RB Leipzig’s asking price, who hope to keep the defender.
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/CB6ijMkN2G