Кол Палмер игра неверојатен фудбал откако се пресели во Челзи минатиот септември за сума од 47 милиони евра.
Откако е во Челзи, Палмер одигра 54 натпревари на кои постигна 31 гол и подели 20 асистенции. Во овој момент нема сомневање дека тој е најдобриот поединец во тимот предводен од Енцо Мареска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На Островот сега се појавија шпекулации дека Манчестер Сити размислува да го врати Палмер, но за „поправката“ на грешката од минатото скапо би ги чинела. Имено, според најавите тие се спремни да платат 150 милиони евра.
Со Палмер, Манчестер Сити верува дека би добил одлична замена за Кевин Де Брујн кој полека влегува во завршницата од кариерата, но и се пошуваше за негов можен трансфер.
Палмер од друга страна потекнува од школата на Манчестер Сити и за првиот тим на „граѓаните“ одигра 41 натпревар во кои постигна шест гола и запиша две асистенции, но настапите му беа во главно како резервист.