Манчестер Сити на својот „Етихад“ денес ја пречека Астон Вила во рамките од 10-тото коло од англиската Премиер лигата.
„Граѓаните“ имаа теренска иницијатива од самиот почеток на натпреварот, но Астон Вила се обидуваше преку контри да дојде до добра позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првото полувреме заврши без голови 0:0. Во второто на самото отварање во 46-тата минута домаќинот стигна до водство преку Стерлинг. Беше тоа едноставна акција. Габриел Хесус со глава ја спушти топката за Стерлинг кој побегна на одбраната и рутински погоди за 1:0.
Набрзо потоа се закани и самиот Хесус, почуствува Сити дека после водството им оди полесно, па стигна и до нов гол. Де Брујн кој во таа ситуација изгледа сакаше да нафрли погоди за 2:0. Пет минути подоцна Гундоган ги постави конечните 3:0.
Во финишот од натпреварот Манчестер Сити остана со десетмина бидејќи црвен картон заработи Фернандињо.