Дома Трансфер зона Манчестер Сити пронајде засилување од 100 милиони евра?

Манчестер Сити пронајде засилување од 100 милиони евра?

Манчестер Сити ќе се обиде да донесе играч од средниот ред во летниот преоден рок, тврди „Манчестер Ивнинг Њуз“, додавајќи дека тоа би можел да биде Бразилецот Лукас Пакета (26).

Станува збор за ѕвездата на Вест Хем кој сезонава одигра 37 натпревари и забележа осум асистенции на седум погодоци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола наводно сакал да го донесе Пакета уште во летото 2023 година, но на крајот во тимот пристигна Матеус Нунес од Вулверхемптон за 30 милиони евра пониска цена. Нунес пристигна во Сити за околу 60 милиони евра, додека сега се тврди дека откупната клаузула на Пакета е 100 милиони евра.

Бразилецот наводно веќе договорил дел од условите со актуелниот англиски и европски шампиони. Англиските новинари дури тврдат дека Гвардиола го повикал на почетокот на сезоната, во меѓусебниот натпревар, да се ракува со него и со остатокот од стручниот штаб.

Договорот на Пакета со Вест Хем е со важност до 2027 година, сепак доколку потстои откупна клазула како што се шпекули и Сити е спремен да ја плати тогаш „чеканите“ не би имале избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…