Дома Трансфер зона Манчестер Сити: Приказната за заминување на Агуеро е смешна!

Манчестер Сити: Приказната за заминување на Агуеро е смешна!

Сопственикот на Манчестер Сити, Калдун Ал Мубарак категорично ги демантираше шпекулациите за заминување на првата ѕвезда на тимиот, Серхио Агуеро.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред една година ваквите шпекулации беа незамисливи, но со доаѓањето на Пеп Гвардиола на клупата на „граѓаните“ Аргентинецот го загуби статусот на „недопирлив“.

Агуеро на неколку натпревари беше оставен на клупата за резерви, па веднаш започнаа шпекулациите за негово евентуално заминување.

„Апсолутно никогаш не постоеше сомнеж. Читав многу шпекулации за тоа, но тоа е навистина смешно. Агуеро е еден од најдобрите фудбалери на светот, а ние како клуб кој има аспирации да освојува титули, мораме да го имаме Агуеро во тимот“, изјави сопственикот Ал Мубарак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…