Дома Останати Манчестер Сити објави видео од Ковачиќ – сакаше да го пофали, а тој стана мета на потсмев 🎥

Манчестер Сити објави видео од Ковачиќ – сакаше да го пофали, а тој стана мета на потсмев 🎥

Mинатата недела Манчестер Сити гостуваше во Белград каде што со 2:3 ја победи Црвена Звезда во рамките од шестото коло во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во денешно време секој голем клуб посветува внимание на социјалните мрежи каде што објавува видеа или фотографии кои би можеле да бидат интересни. Сега „граѓаните“ објавија видео од Матео Ковачиќ како се загрева на „Рајко Митиќ“.

Ковачиќ при загревањето трчаше и жонглираше, а место да собира пофалби доби критики од фудбалската јавност.

„Ова го може секој што во детството играл фудбал“. „И „обичните“ луѓе го можат ова, а не некој што заработува милиони за да игра фудбал“. „Ова го може и аматер, сосема е нормално“…се само дел од коментарите оставени под видеото на страните кои ја споделија снимката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…