Манчестер Сити вечерва на Етихад го совлада Вест Хем со 2:0 во натпревар од 26. коло во англиската Премиер лига.
Етихад вечерва беше полупразен бидејќи публиката не беше многу заинтересирана за овој натпревар. Причината е позната: Лошата атмосфера во и околу клубот поради казната од УЕФА, терминот кога се играат натпреварите во ЛШ, огромната негатива зад Ливерпул на табелата…
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, и во тие околности Граѓаните одиграа добар натпревар и заслужено ги освоија трите бода. Стрелци на головите беа Родри во 30. и Де Брујне во 62. минута. Во последните 15-тина минути домашниот тим имаше шанси преку Давид Силва и Жесус, но Чеканите дома си одат само со два гола во мрежата.
Сити после победата остана на 2. позиција со 54 освоени бода, 22 помалку од лидерот Ливерпул. Од друга страна, Вест Хем е во опасната зона со само 24 бода.