Бернардо Силва со години е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити и еден од хероите на „граѓаните“ во полуфиналето со кое се изборија за финале во ЛШ.
Силва против Реал Мадрид постигна два гола на „Етихад“, а сезонава на 54 натпревари во сите натпреварувања запиша осум гола и седум асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Португалецот е еден од најстандардните играчи кај Пеп Гвардиола и за неговите услуги Сити плати 50 милиони евра на Монако во 2017 година.
Сепак, ова лето Силва би можел да ја промени средината. Според информациите на медиумите тој на своите пријатели им соопштил дека донел одлука да побара нов предизвик.
Неговиот договор со Сити има важност до летото 2025 година што значи дека потецијалниот купувач би морал да плати 80 милиони евра. Најголем интерес за него веќе подолго време покажува Барселона, но и ПСЖ би можел да се вклучи во трката.